X
 11.04.2022 Наука

Научниците подмладиле клетки на кожата за 30 години

Истражувачи од Институтот „Бабрахам“ при Универзитетот „Кембриџ“ успешно обновиле клетки на кожата на 53-годишна жена, кои изгледаат и се однесуваат како клетки на 23-годишна жена.

Истражувачите водени од Волф Рејк и Дилџит Гил го започнале истражувањето со цел да создадат ембрионски матични клетки, кои може да заменат каков било вид клетки во телото. Истражувајќи го производството на колаген во клетките, научниците забележале дека процесот за претворање обични клетки во матични клетки ги елиминирал промените поврзани со стареењето кај клетките.

По одреден период, клетките почнале да се однесуваат како на човек помлад 30 години.


Фото: Pixabay

Истражувањето било спроведено во лабораторија и засега не може да се тестира во клиника бидејќи има потенцијал за зголемување на ризикот од рак поради создавањето долготрајни генетски промени во клетките. Но истражувачите велат дека методот би можел да помогне во забрзувањето на заздравувањето на изгорениците и во иднина да го продолжи животниот век на луѓето.

- Во иднина можеби ќе пронајдеме гени кои се подмладуваат без репрограмирање и ќе ги користиме за да ги намалиме ефектите на стареењето - изјавиле истражувачите.

Извор: Insider
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука