X
 11.05.2019 Забава

Реалноста на гламурозните фотографии на инфлуенсерите на „Инстаграм“

Ким Чоп е 30-годишна девојка од Швајцарија која има интересен профил на „Инстаграм“ каде што прикажува како всушност изгледа животот на ѕвездите на оваа социјална мрежа зад камерите.

Профилот се вика „The truth is not pretty“ и таму таа покажува како настануваат фотографиите што им се допаѓаат на илјадници луѓе. Фотографиите покажуваат дека ништо не е толку гламурозно кога ќе се исклучи фотоапаратот.


Ким е професионален фотограф, а идејата за профилот ја добила уште пред десет години кога почнала да обработува фотографии за клиенти што сакале да им ги поправи недостатоците во „Фотошоп“.


Покрај тоа, таа сакала да покаже и дека сите жени на рекламите и во списанијата не се гламурозни како што изгледаат.

- Секако дека знаев дека сите фотографии во списанијата се фотошопирани и таа тема ме интересираше бидејќи младите девојки често се споредуваат со тие фотографии, кои воопшто не се вистинити - истакнува таа.


По растот на бројот на инфлуенсери и на луѓе што продаваат животен стил на „Инстаграм“, Ким добила инспирација нејзината порака да ја преточи преку профилот на „Инстаграм“ каде што објавува фотографии на кои е фотографирана како инфлуенсерите, по што го фотографира реалниот изглед на ситуацијата и колажот од фотографиите го споделува со следбениците.


- Сите имаме лоши денови, мрсна и неуредна коса и различни облици на телото. Општеството наметнува мислење дека тоа не е убаво. Не дозволувајте да бидете изманипулирани и престанете да се споредувате со лажните животи што ги гледате на „Инстаграм“ - порачува Ким.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава