X
 11.05.2020 Живот

Турција воведе 132 строги критеруми за хотелите и рестораните пред отворање на туристичката сезона

Турција воспостави посебни хигиенски мерки и стандарди за да се подготви за враќањето на туристите, изјави турскиот министер за култура и туризам Мехмет Ерсој.

Чекор по чекор, ограничувањата за патувања во земјата постепено ќе се укинуваат од крајот на мај, вели Ерсој. Постепено ќе се воведуваат и меѓународните летови.

Владата разви програма за издавање сертификати за хотели и ресторани откако ќе исполнат строги критериуми. Постојат вкупно 132 критериуми, вклучително и почитување на хигиенските услови и социјално дистанцирање.

Вработените ќе мора да бидат обучени за спречување на ширењето на вирусот. Се укинува самопослужувањето на храна и пијалаци. Исто така, владата објави список со болници и нивните капацитети во популарните туристички дестинации.

Туризмот е значаен дел од турската економија, а оваа година турските власти, пред пандемијата, предвидоа доаѓање на 58 милиони гости.

турција
Фото: Pixabay

Ерсој вели дека коронавирусот во Турција е ставен под контрола и дека во 2021 година Турција може да очекува 63 милиони туристи.

Турција постепено ги укинува рестриктивните мерки наметнати за спречување на Ковид-19. Овој викенд полицискиот час е во сила во 24 града и провинции, што е намалување во споредба со 31 град од минатата недела.

Исто така, на лицата постари од 65 години им е дозволено да се надвор од својот дом неколку часа, а трговските центри и фризерските салони од понеделник ќе почнат со работа.

Според Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во Турција има 137.115 луѓе заразени од Ковид-19 и 3.379 смртни случаи.

Извор: Jutarnji.hr
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот