X
 11.06.2017 Здравје

Генетска терапија која ги уништува алергиите

Сериозни алергии можат да се лекуваат со генетска терапија, пишува во студија објавена во списанието JCI Insight. Научниците тврдат дека само со еден третман  можно е пациентите за цел живот да се заштитат од сериозни алергии, како што е астмата. Стручниот тим научници, предводени од професорот Реј Стептое од Универзитетот Квинсленд во Австралија, успеале, засега кај животни, да ја исклучат имунолошката реакција која  е предизвикувач на алергиска реакција.

Професорот Стептое вели дека кога некој е алергичен и покажува знаци на астма или црвенило, симптомите се резултат на реакцијата на имунолошките клетки на протеинот  кој се наоѓа во алергенот. Овие имунолошки клетки, таканаречени Т-клетки, развиваат облик на имунолошка меморија и стануваат многу отпорни на достапните терапии. Сега тие можат да ја избришат меморијата на Т-клетките кај животните со генетска терапија, десензибилиризирајќи го имунолошкиот систем на начин што истиот станува толерантен на протеинот.

Создавање лек за широка употреба

Во лабораториски услови, се земаат матични клетки од крвта, се уфрлува ген кој го регулира протеинот во алергенот и потоа таквите клетки се враќаат на донаторот. Ваквите клетки добиени преку генетски инеженеринг произведуваат нови крвни клетки  кај кои изостанува алергиска реакција.

Доктор Стрептое вели дека евентуалната цел на постапката би била една инекција со генетска терапија која ќе ги замени краткорочните третмани насочени кон симптомите на алергијата со различен степен на ефикасност.

„Сè уште не сме стигнале до точката постапката да биде едноставна како вакцинирањето против грип, но сега работиме на тоа да ја направиме што поедноставна и посигурна за широка употреба.  Во овој момент, во нашиот фокус се популациите кои имаат астма или страдаат од потенцијално фатални алергии на храна“,  истакнува професорот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје