X
 11.06.2018 Култура

Скулптура стара 3.000 години - мистерија за истражувачите

Енигматична скулптура на кралска глава што датира од пред 3.000 години ги остави истражувачите зачудени за лицето што го претставува.

Скулптурата од 5 сантиметри е исклучително редок пример за фигуративна уметност од регионот за четвртиот век пр.н.е - период поврзан со библиските кралеви. Скулптурата е извонредно зачувана и е нешто досега невидено.

Додека научниците се сигурни дека фигурата потекнува од кралско семејство, не знаат кој крал го симболизира или во кое царство би можел да владее.

skulptura
Фото: АР


Археолозите ја откопале фигурата во 2017 година при ископувањата на локацијата Абел Бет Мака, што се наоѓа јужно од границата на Израел со Либан, во близина на денешниот град Метула.

Археолозите од 19 век ја идентификувале локацијата, тогашно село наречено Абил ал-Камх.

Во текот на 9 век пр.н.е., античкиот град се наоѓал во лиминална зона помеѓу три регионални сили: кралството на Арамејците со седиште во Дамаск на исток, феникискиот град Тир на запад и Израелското Царство, со главен град во Самарија.

- Оваа локација е важна затоа што сугерира дека локалитетот можеби се префрлал меѓу овие полиња, односно помеѓу Арам-Дамаск и Израел - вели Нама Јахалом-Мак, археолог на хебрејскиот универзитет.

Нејзиниот тим го копал подот на масивната структура во текот на летото 2017 година, кога доброволец пронашол слој во кој била пронајдена главата. Главата датира од епохата поврзана со ривалските библиски царства Израел и Јуда.

Според Еран Ари, куратор на Израелскиот музеј, откритието е уникатно.

- Бојата на лицето е зеленикава поради бакарната боја. Скулптурата претставува генерички начин на кој семитските луѓе се опишани - вели Нама Јахалом-Мак.

- Но, можеме само да погодуваме. Како да играме игра. Скулптурата е како поздрав од минатото, но не знаеме ништо друго за неа - додава таа.

Додека научниците дебатираат дали главата е самостоен дел или дел од поголема статуа, тимот на хебрејскиот универзитет овој месец треба да започне со копање на местото каде што била пронајдена главата на мистериозниот крал.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура