X
 11.06.2019 Здравје

Детето гори! Како природно да се симне температурата, што најчесто грешат родителите...објаснува д-р Корнелија Ѓорѓиеска

Речиси нема родител кој не се разбудил среде ноќ поради висока температура на детето. Колку е итна оваа ситуација, дали да се даде лек за симнување на температурата, дали да се покрие убаво или да се расоблече, кога да се однесе на лекар, како да се постапи ако се појават грчеви... Ова се само дел од родителските дилеми кога детето ќе крене температура. Ги расчистува д-р Корнелија Ѓорѓиеска, лиценциран доктор по општа медицина.

- Голем број родители и речиси сите баби се плашат да го откријат детето, „да не му биде студено“. Ова е голема заблуда, но исто така претставува опасност и за детето. Претоплувањето на детето дополнително ја зголемува температурата, како и ризикот од компликации – вели докторката.

Речиси нема родител кој не се разбудил среде ноќ поради висока температура на детето. Колку е итна оваа ситуација?

– Вашето дете веќе навршува три години, повторно се буди од сон среде ноќ, а вас морници ве лазат бидејќи знаете дека гори од температура! Веројатно ова досега сте го искусиле, вашето малечко да се разбуди вознемирено во доцните ноќни часови, испотено и со вжештено чело. Првото нешто што ви доаѓа на ум е дека има покачена телесна температура, па во истиот момент земате топломер за да проверите дали е навистина така. Ова знае да биде многу стресно за вас, особено ако првпат станавте родител.

Најголем дел од високите температури кај дечињата не се сериозни и се предизвикани од вообичаени инфекции. Зголемената телесна температура е помошник во борбата со инфекциите бидејќи таа е неповолна за развојот на многуте вируси и бактерии што сакаат да го нападнат вашето дете. Но, зголемувањето на температурата може да настане и при други состојби и нарушувања во малечкиот организам, по вакцинација, дехидратација, при траума поради оштетување на ткивата, некои лекови, хормонално нарушување, инфламаторни и автоимуни болести.

Без разлика колку внимателно го следите секој негов потег, секое дете во даден период ќе има покачена телесна температура. Ова е многу честа ситуација, особено во текот на зимските месеци.

Повеќето од вас итно го носат детето до најблиската здравствена установа. Уочивте дека најмалку десетина деца, плачејќи, чекаат со истиот проблем пред педијатриската амбуланта, а сите се „случаи на итност“!

Драги мајки и татковци, не грижете се, најголем процент од случаите на зголемена температури се резултат на вирусна инфекција! Во таков случај лекувањето продолжува дома, само со воведување одредени општи мерки.

Кога може да кажеме дека сме измериле висока температура?

– Малите деца, во период од шест месеци до пет години, особено се чувствителни на фебрилноста. Високата температура може да се појави одеднаш, сосема изненадно (особено кај доенчињата и кај помалечките деца). За да кажеме дека е измерена висока температура, треба таа да биде повисока од 38 Целзиусови степени. Сè што е над таа бројка го нарекуваме зголемена телесна температура.

Интервјуто со д-р Ѓорѓиеска прочитајте го на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје