X
 11.06.2019 Наука

Научниците тврдат дека ја пронашле границата на човечката издржливост

Ново истражување покажува дека човечката издржливост има граници кои се слични за секоја личност. Тогаш потрошувачката на енергија е 2,5 пати поголема од основниот метаболизам, што значи дека луѓето се единствени меѓу приматите со толку висока граница.

За да ја откријат границата на издржливост, истражувачите анализирале податоци од некои од најекстремните настани за издржливост на планетата. Тие ја мереле издржливоста во однос на основниот метаболизам - количина на калории што телото ги согорува во минута за да функционира во мирување кај луѓе ко учествувале во „Трката низ САД“, серија на маратони што траат неколку месеци.

izdrzlivost
Фото: Shutterstock


Анализирајќи ги примероците на урина од тркачите во првите и последните периоди од трката, истражувачите откриле дека по петмесечно трчање, спортистите согориле далеку помалку калории отколку на почетокот на трката. Тие ги споредиле резултатите со веќе објавените податоци од други настани како маратони, пливање, „Тур де Франс“ и претходните трки низ САД. Тие откриле дека колку е подолг настанот, толку било потешко согорувањето на калориите.

За време на само еден маратон, спортистите можат да согорат галории во просек 15,6 пати повеќе од нивната метаболичка стапка на мирување. Во 23 дена од „Тур де Франс“, велосипедистите согорувале 4,9 пати повеќе калории од нивната метаболичка стапка на мирување, а во 95-дневно патување низ Антарктикот, спортистите согориле 3,5 пати повеќе калории отколку метаболичката стапка на мирување.

Исто така, истражувачите откриле дека бремените жени функционираат со околу 2,2 пати повеќе од нивната метаболичка стапка на мирување. Сето ова покажува дека без оглед на активноста - бебе, трчање низ САД или возење велосипед, телото има ограничување на количината на енергија што може да ја обезбеди на долг рок.

Причините за оваа граница може да лежат во дигестивниот систем и количеството на калории што цревата може да апсорбираат во еден ден, велат научниците.

Спортистите не запираат кога ќе го достигнат овој праг од 2,5 пати. Тие продолжуваат, но телото не може да одржува рамнотежа на бројот на консумирани и потрошени калории. Затоа, телото почнува да јаде од сопствените ресурси и лицето почнува да губи тежина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука