X
 11.06.2020 Здравје

Овие пет земји се дом на повеќе од половина од светските шуми

Велат дека дрвјата се белите дробови на нашата планета. Тие го намалуваат јаглеродниот диоксид од атмосферата и испуштаат кислород. Научниците и инженерите работат на технолошки решенија за зачувување на јаглеродниот диоксид, но, сепак, шумите чуваат дури 45% од целиот јаглероден диоксид на површината.


Но, и покрај тоа, светот губи сè повеќе дрвја. Според еден извештај од Обединетите нации, светот изгубил 178 милиони хектари шума од 1990 година досега. Тоа е површина речиси еднаква на големината на Либија. 



Фото: Pixabay

Добрите вести се дека сепак има намалување во стапката на губење на шумите поради засадувањето нови дрвја. Податоците покажуваат дека над половина од сите шуми во светот, односно точно 54%, се наоѓаат во само пет земји: Русија, Бразил, Канада, САД и Кина.

Балансирањето на климатските и здравствените поволности со економските потреби може да претставува предизвик. Во 2018 г. Русија изгубила 5,6 милиони хектари дрвја. Истата година Бразил изгубил речиси три милиони. Канада и САД изгубиле по 2,1 милиона, а Кина над половина милион.


Фото: Pixabay

Природното регенерирање на шумите се намалува од 1990, но садењето на дрвјата се зголемува, а иницијативите за садење може да помогнат. Според „Нешнал џиографик“, глобално може да се обноват шуми со големина колку САД, особено во прашумските региони во Централна и Јужна Америка, Африка и во Југоисточна Азија. Засадувањето дрвја на толкава површина може да го намали испуштањето на јаглероден диоксид во воздухот за една четвртина.


Извор: weforum.org
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје