X
 11.07.2017 Технологија

Зошто мобилните телефони со тек на време стануваат побавни и како да го решите проблемот?

Освен ако не ги менувате паметните телефони на секои шест месеци, веројатно сте забележале дека по одредено време тие почнуваат да работат сѐ побавно. Ова се случува и со „Андроид“ и со „Иос“.

За тоа постојат повеќе причини, а за среќа постои и решение со кое би се забрзал процесот на функционирање на телефонот.

1. Ажурирање на оперативниот систем: при купувањето на телефонот во него е инсталиран оперативен систем и зависно од годината на изданието, телефонот има одредени можности и капацитети на хардверот. Во меѓувреме, хардверот е подобрен и променет, додадени се нови опции и на „Андроид“ и на „Иос“ за што повеќе да се искористи напредокот во технологијата. Вашиот хардвер останал ист и почнал да заостанува за потребите на оперативниот систем, па работи побавно. Овде не можете многу да си помогнете освен да го промените телефонот.

2. Ажурирање на апликациите: сите видови софтвер можат да станат жртва на беспотребни надградби. Дури и многу мали апликации може со тек на време да станат чудовишта кои го исцрпуваат вашиот уред. Обрнете внимание колку одредена апликација ќе го оптовари телефонот или заменете ја со полесна верзија, ако има достапна. Почнете од апликациите за социјалните мрежи, или други апликации што најмногу ги користите. Проверете дали се достапни старите верзии, па ако нема сигурносни проблеми, слободно користете ги.

3. Апликации во заднина: вашиот телефон може да работи побавно поради апликации што работат во заднина, а истите не ги користите активно. На пример, апликациите за е-пошта секогаш проверуваат дали има нешто ново, оние за разговор следат дали има нова порака и слично. Тие оптоваруваат дел од процесорот и РАМ-меморијата, намалувајќи го капацитетот што е расположлив за апликациите што главно ги користите. Откријте која апликација ви ја цеди батеријата, заменете ги движечките заднини со статични, деинсталирајте ги апликациите што не ги користите и исклучете ги заднинските процеси за сите апликации освен за оние што навистина ви се потребни.

4. Големи очекувања: можно е вашата меморија да работи сосема добро, но вам ви се чини побавна отколку што очекувате да биде. Кога на пазарот ќе се појават нови модели и надградби на оперативните системи и кога ќе направите споредба, нормално е старите телефони да бидат побавни. Прифатете ги можностите и ограничувањата на сегашниот уред или надградете го.

Освен овие препораки, корисниците на „Андроид“ можат да го исчистат екранот, редовно одново да го стартуваат телефонот, да бришат од меморијата и да го вратат уредот на фабричките поставки.

Ако имате „ајфон“, пробајте рачно да ја исчистите РАМ-меморијата, избегнувајте апликации што ја цедат батеријата и избришете сѐ што не ви е потребно. Исто така, може да го вратите уредот на почетните поставки.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија