X
 11.07.2018 Технологија

Низ „Твитер“ се шири измама од која дури и Маск е импресиониран



Последните неколку месеци корисниците на „Твитер“ постојано се напаѓани од мрежа на напредни ботови кои од нив сакаат да извлечат криптовалута етериум нудејќи им за возврат рецепти за брзо богатење.


Криптовалути
(Фото: Pixabay)


Веќе месеци наназад „Твитер“ се занимава со епидемија на измами со криптовалути на својата платформа, а ситуацијата толку избегала од контрола што и самиот Илон Маск зборува за тоа. Но, наместо како другите да ги осуди ваквите измами, Маск изјави дека комплетно е импресиониран од поединците што ја водат мрежата на ботови, сметајќи дека за таква „работа“ се потребни „опасни вештини“. Дополнително, Маск погрешно го напишал името на криптовалутата етериум.

Меѓутоа, изгледа дека и таквиот твит покрена силни реакции затоа што и коосновачот на етериумот, Виталик Бутерин, известил за необичната појава која компанијата ја забележала првпат. За жал, Бутерин бил малку и разочаран бидејќи причината Маск да го спомене етериумот била епидемијата на измами, а не технологијата што стои зад него.

Војската од ботови што го измачуваат „Твитер“ првиот напад го извршила на почетокот на годината. Иако на почетокот напаѓала само мала група влијателни инфлуенсери, мрежата постапно се проширила, па сега на удар е секој што се занимава со криптовалути. Дури и самиот Маск стана жртва на измамниците.

Преправени како подароци и примамливи рецепти за брзо збогатување, твитовите ги ловат наивните корисници да испратат извесна сума на адресата на етериумот. Спротивно на ветувањата за двократно зголемување на влогот, луѓето остануваат без своите пари.

По многубројните жалби и пријави до „Твитер“, како и притисоците врз директорот на компанијата, Џек Дорси, некои блокчејн-инфлуенсери ги предупредуваат своите следбеници на измамите, така што додаваат „Not giving away ETH“ директно во своите кориснички имиња.

Сепак, известувањата сугерираат дека ваквиот потег воопшто не бил ефективен во спречувањето на измамите.

Во меѓувреме, ботовите стануваат сè попаметни. Впрочем, корисниците неодамна забележале дека со помош на „багот“ кој им дозволува да ги ажурираат корисничките имиња и да додадат ознака за потврден профил, измамниците привлекуваат жртви кои кликнуваат на сината ознака за потврдување на измената.

Но, како што изгледа, „Твитер“ не е претерано загрижен поради овој проблем, но некои програмери одлучиле да ја земат работата во свои раце, осмислувајќи решенија кои би ги предупредувале корисниците за какви било сомнителни акции. Многу од тие решенија престанаа да функционираат и постои голема шанса овој проблем да се проширува сè додека „Твитер“ сам не одлучи да воведе соодветен механизам за филтрирање – што требаше да го направи пред неколку месеци, пишува The Next Web
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија