X
 11.08.2022 Живот

На денешен ден „Денес над Македонија“ стана химна на земјата. Знаете ли чие дело е?

На денешен ден пред 30 години Собранието го донесе Законот за химната на Република Македонија, со што „Денес над Македонија“ стана химна на државата.

Химната е напишана 1941 година, автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката е Тодор Скаловски.

По објавениот конкурс од страна на Комисијата за уставни прашања на Собранието на 25 март 1992 година, од пристигнатите решенија Комисијата дала три предлога: „Денес над Македонија“ во музичка обработка на Тодор Скаловски, „Химна“ од Таки Хрисик и „Да ни бидеш вечна“ од Александар Џамбазов.

Со мнозинство гласови Комисијата одлучи да ја предложи „Денес над Македонија“ за химна.

На 41. седница на Собранието, одржана на 11 август 1992 година , со квалификувано мнозинство од 88 гласа „зa“, пратениците го донесоа Законот за химната на Република Македонија, со што „Денес над Македонија“ стана официјална химна, потсетуваат од Парламентарниот институт на Собранието на Македонија.

Во насока на одбележување на овој значаен јубилеј, Парламентарниот институт подготви едукативен инфографик со интересни информации поврзани со химната.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот