X
 11.08.2022 Култура

Следната епизода на „Симпсонови“ ќе открие како серијата ја предвидува иднината

Во претстојната епизода на анимираната серија „Симпсонови“ конечно ќе се открие како серијата успева да ја предвиди иднината.

Серијата која ја креирал Мет Гронинг се прикажува повеќе од три децении, од 1989 година. Во овие години, таа предвидела повеќе светски настани, како кризата со трошоците за живот во Велика Британија, Доналд Трамп како претседател на САД, па дури и пандемијата со ковид-19.

Сценаристот и продуцент на серијата, Мат Селман, неодамна открил дека во следната епизода од 34. сезона ќе се открие како серијата ги предвидува светските настани.


- Имаме уште една луда концептуална епизода која објаснува како „Симпсонови“ ја знаат иднината. Тоа е концептуална епизода со многу луди работи во неа, но објаснува како може да ја предвидат иднината - изјавил тој.

Зборувајќи за тоа како после толку време продукцискиот тим успева да ја задржи свежината на серијата, Селман одговорил дека голема заслуга има светот.

- За среќа, светот продолжува да испорачува работи кои треба да се одразат во огледалото на Спрингфилд. Значи, тоа е благодарение на светот, но и светот треба да биде подобар. Немам проблеми со повторување на емоционалната динамика - изјавил тој.

Следната епизода на „Симпсонови“ излегува на 25 септември.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура