X
 11.09.2017 Култура

Одлични книги за оние што сакаат да почнат да читаат

Доколку сте личност што не била многу наклонета кон читањето или, пак, сте читале во минатото, но поради обврските сте го запоставиле, па сега сакате повторно да се посветите на ова хоби, ова се неколку препораки за книги со кои би можеле да започнете.

„Десетте мали црнци“, Агата Кристи

Овој вид книга е апсолутен класик. Секоја книга на Агата Кристи е одлична, доколку сакате мистерии и детективски приказни.

„Кланица 5“, Курт Вонега
т

Вонегат се смета за еден од најдобрите американски писатели во американската литература. „Кланица 5“ е вистинско ремек-дело што до денес предизвикува контроверзија.

Серијата романи „Дисксвет“, Тери Пачет


Станува збор за серијал на хумористична фантастика каде што пародично се претставени случувањата во дискоиден свет кој ротира на грбовите на четири големи слонови, кои пак стојат на огромна желка наречена Голем А'Туин. Главните теми на пародијата вклучуваат многу научнофантастични стереотипи, ликови од фантазијата и идеи.

„Играта на Ендер“, Орсон Скот Кард


Воен научнофантастичен роман од американскиот автор Орсон Скот Кард, чие дејствие е во иднината. Книгата потекнува од кратката приказна „Играта на Ендер“, објавена во август 1977 година.

„Досиеата на Дрезден“, Џим Бачер

Урбано-фантастичен детективски серијал - во основа, „пораснат“ Хари Потер како приватен детектив во книга за возрасни читатели.

„Автостоперски водич низ галаксијата“, Даглас Адамс

Книга за сите љубители на научната фантастика. Кратка и доста лесна за читање, но полна со теми за провокација.

„Марсовецот“, Енди Вир

Научнофантастичен роман за американскиот астронаут Марк Ватнеј, кој случајно останал сам на Марс во 2035 година, па морал да импровизира за да преживее.

„Хари Потер“, Џ.К.Ролинг

Роман чиј почеток е прилично лесен, меѓутоа, прогресивно станува доста комплексен.

„Пошта“, Чарлс Буковски


Забавно и лесно за читање. Неговите приказни се лесни за следење и одлично се напишани. Некогаш е навистина вулгарен, меѓутоа, совршено ги кажува работите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура