X
 11.09.2020 Живот

Фотонатпреварот „Природата во фокус“ ги истакнува теророт и убавината на природниот свет

Победничките фотографии од фотонатпреварот „Природата во фокус 2020“ не само што ги истакнуваат убавината, теророт и сложеноста на природниот свет туку и ги покажуваат животните што се борат да преживеат во екосистемите уништени од луѓето.

Фотонатпреварот, основан од истоименото водечко списание за диви животни во Индија, им оддава признание на фотографите кои ги документираат уникатните моменти од природата и ги потенцираат критичните прашања за зачувување на животните, а потоа се создава импресивен каталог на имагинативни и уметнички слики.

Овогодишните победници се разновидни - од лилјак во Бангалор до мистична слика од семејство  диви слонови во Националниот парк Манас, Асам. На сите фотографии се наоѓаат животни - некои егзотични и ретки, некои што ги гледаме секојдневно, некои во нивната природна средина, уништена од луѓето. Сепак, духот за преживување останува силен како и секогаш.

Заборавете на „Нетфликс“ и наместо тоа, гледајте ја оваа драма.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Livemint.com
Фото: Natureinfocus.in
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот