X
 11.10.2018 Наука

Зошто на интернет кружат слики со паметни часовници на тоалетна хартија?

Тоалетната хартија доживеа вирален момент во Кина. Сопствениците на фитнес-белегзиите „Ксиаоми Ми Банд 3“ забележале дека тие ги вчитуваат отчукувањата на срцата на тоалетните хартии. Иако не е баш јасно зошто некому би му паднало на памет да стави паметен часовник околу тоалетна хартија, сето ова, поради некоја чудна причина, стана популарно.

За брзо време голем број луѓе на социјалните мрежи почнаа да објавуваат фотографии на кои покажуваат дека паметните часовници и фитнес-белегзиите навистина функционираат на тоалетните хартии. Тие тестирале и други тркалезни предмети, како конзерви, шишиња и чаши, кои уредите исто така ги препознаа како живи суштества со пулс.

часовници
Фото: Telegram


Зошто паметните часовници читаат отчукувања на срцата на тоалетната хартија?

Фитнес-белегзиите и часовниците користат зелено светло што се емитира на зглобот. Крвта сама по себе ја апсорбира зелената светлина. Затоа, ако крвта оди побрзо низ вените, може да се апсорбира повеќе зелена светлина. Така белегзијата може да го процени бројот на отчукувања на срцето. Процесот е познат под името фотоплетисмограмија (PPG).

Предметите што ја рефлектираат зелената светлина може да го збунат рефлекторот. Неправилното мерење поради рефлексијата на светлината е релативно честа грешка во мерењето. Бидејќи тоалетната хартија, чашите и сличните предмети имаат рефлективни површини, сосема е логично одбивањето на светлината од нивната површина да се толкува како погрешно читање.

Но, оваа грешка не укажува на тоа дека фитнес-белегзиите се неточни, особено при читање на срцевите отчукувања на човекот. Тие се создадени за да читаат на зглобовите на рацете на човекот, па ако направат некое погрешно читање на други предмети, тие грешки не се релевантни.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука