X
 11.10.2020 Образование

Што го правело Ричард Фајнман еден од најценетите професори во светот?

Ричард Фајнман би бил светски познат и само по неговата работа во областа на теоретската физика, но до денес луѓето најмногу го знаат по неговиот однос со јавноста.

Зад себе оставил учебник по физика, збирка есеи, како и многу предавања одржани на Универзитетот „Корнел“. Преку сите овие дела тој продолжува да едуцира во неговата област и пошироко.

Бил Гејтс еднаш го нарекол „најдобриот учител што никогаш го немав“. Со оваа реченица Гејтс посочува на серијата предавања на Фајнман за правилата на физиката кои се достапни и онлајн како одличен пример дека тој можел да објасни нешто на забавен и интересен начин.


Освен тоа, тој имал смисла за хумор, вели Гејтс. Но Фајнман бил и строг. Тој се трудел да ги разбере нештата што не му биле јасни и постојано се прашувал дали правилно ги разбира работите. Оваа техника за учење веројатно му помогнала да успее во кариерата. 


Може да се согласиме дека ги разбираме работите онолку колку што умееме да му ги објасниме некому, но Фајнман навистина живеел по овој принцип. Длабокото разбирање на работите му овозможило никогаш да не биде здодевен.


Како што вели Гејтс, Фајнман ја правел науката фасцинантна. Тој нè потсетил колку е забавна науката и притоа посочил дека секој може добро да ја разбере.

Извор: openculture.com

Фото: Wikipedia

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование