X
 11.10.2021 Култура

Писателите и нивните книжевни јунаци ја диктирале модата: Марк Твен велел дека облеката го прави човекот

Книжевноста, кога немало радио и телевизија, имала значително влијание врз секојдневниот живот, особено врз модата. Сите дами сакале да изгледаат како хероини од популарните романи и ги обожавале фустаните на Нана од Емил Зола и Ана Каренина од Толстој.

Многумина се сеќаваат на сцените од романот, а подоцна и филмот „Однесено со виорот“, кога во виорот на војната Скарлет О'Хара размислува како да ги искористи скромните ресурси и од завесите да направи нов, смарагдно-зелен фустан. Сите симпатии беа на страната на хероината на романот на Маргарет Мичел, која ја користи својата креативност за да направи фустан што ќе изгледа занесно.

2
Фото: Скица на Волтер Планкет за фустанот на Скарлет О'Хара

Но модата ја следеле и мажите, по примерот на хероите на книжевните дела. Романот „Страдањата на младиот Вертер“ бил толку популарен, што мажите им ја носеле книгата на кројачите во која детално бил опишан костумот на заљубениот протагонист на Гете. Жените, пак, биле заљубени во фустанот со црвени панделки на Лота.

Оскар Вајлд ја сакал модата и бил доста забавен. Тој дури и напишал есеј за тоа што е модата и како се развива. Голем поддржувач на модата бил и Марк Твен, кој рекол дека облеката го прави човекот и дека голите луѓе немаат влијание врз општеството.

2
Фото: Wikipedia

Извор: 24sedam.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура