X
 11.11.2019 Технологија

Најголемиот 3Д-печатач на светот го испечати најголемиот брод

Центарот за напредна конструкција и композитни материјали на Универзитетот во Мејн влезе во Гинисовата книга на рекорди, и тоа во три категории.

Центарот стана рекордер поради најголемиот 3Д-печатач на светот што работи со полимер, а потоа најголемиот цврст 3Д-објект испечатен досега, како и поради најголемиот брод некогаш изработен со 3Д-печатач.

Големиот печатач е во состојба да испечати објекти со должина до 30,5 метри, ширина до 6,7 метри и висина до 3,1 метри. Сето тоа го прави со импресивна брзина - 250 килограми цврст објект за еден час работа.

Благодарение на печатачот, Универзитетот во Мејн успеал да конструира и да изработи брод со тежина од 2,5 тони, должина 7,6 метри и тоа само за 72 часа.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија