X
 11.11.2020 Живот

Дали Македонија ќе стане центар за Data science/Business Intelligence на Балканот?

Неколкупати сме зборувале за потенцијалот што го имаат ИТ-гранките во Македонија. Младите сè повеќе се одлучуваат за изучување на овие области. И полека гледаме примери на компании кои ги враќаат квалитетните кадри од европските држави кај нас.

Еден од тие примери е Data Masters. Тие можат да се пофалат со тоа дека сериозен дел од тимот студирал и работел надвор oд земјата. Се обучиле и се вратиле во Македонија за да работат со клиенти од светот, но и со поголемите компании кај нас.

За враќањето „повлекува нога“ основачот Филип Петровски, кој работел во Португалија, па се вратил и ја отворил компанијата тука. Потоа доаѓа Мартина Наумовска, магистер за компјутерска интелегенција, која студирала во Виена и се враќа за да работи во Дата Мастерс. Тимот годинава се збогати и со Дина Саровска и Марта Ивановска, кои се вратија од Португалија каде што стекнаа сериозно искуство во областа работејќи со големи клиенти. Последен (до овој момент) се враќа Мартин Василковски, кој доаѓа од Сименс во Милано да работи токму во оваа компанија.

Од минатата година Data Masters почна со организација на обуки за креирање кадар стручен за Data Science и Business Intelligence, кој насушно ѝ е потребен на македонската економија. Во овој процес први го воведоа учењето преку менторство, кое е светски тренд, правејќи ги студентите подготвени за реални проекти веднаш по завршување на академијата. Дел од нив се вработија во компанијата, а останатиот дел одлично се снајдоа на пазарот на труд, кој е жеден за ваков кадар.

Вредно е да се истакне и дека 55% од студентите на Академијата се на менаџерски позиции (менаџери на компании или дел од менаџерската мрежа на големите компании). Со изучувањето на Data Science и Business Intelligence тие ги унапредуваат знаењата и го подобруваат носењето менаџерски одлуки.



Доколку продолжи трендот на раст на интересот за академијата, не е далечно сценариото дека ќе станеме центар на Балканот во овие две области. Целта е да се работи од Македонија, како за македонски така и за меѓународни клиенти. Со растот на квалитетен кадар би можеле да бидеме сериозна конкуренција на другите балкански земји. Веднаш по завршувањето на академијата на Data Masters (што не е случај кај други академии) студентите се подготвени да почнат да работат во оваа област. Тоа е така затоа што Data Masters не креира кадар за некоја друга компанија, па тие да бидат половично обучени. Професорите на академијата имаат цел да креираат кадар каков што и тие би вработиле, во нивната компанија. Односно, тие се и во улога на „работодавец“ и на „организатор“ на академии и креираат таков кадар каков што е реално потребен на пазарот.

Доколку се запишат на Академијата, студентите ќе добијат практично знаење, можност за високоплатена работа и квалитетен „занает“ кој можат да го искористат и тука, во Македонија. Data Masters ја креира Data Driven заедницата во Македонија и ја става на светската мапа.

Дознајте повеќе на https://academy.datamasters.co/

Дата Мастерс заедно со актерот Гораст Цветковски прават поткаст на тема податоци. Првиот од низата беше на тема „Предикција наспроти гатање“, доколку не сте го гледале, сега е вистинско време да го направите тоа:


Ако ви се допадна, гледајте го и следниот поткаст овој четврток на социјалните медиуми на Data Masters.

Data Masters - „Be the master of your data“

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот