X
 11.11.2020 Живот

Средбата на Бајден и Тито: Сенаторот присуствувал на погреб во Југославија

Џо Бајден и Тито се сретнале во 1979 година. На погребот на југословенскиот комунист Едвард Кардељ, Бајден бил член на делегацијата на американскиот претседател Џими Картер, предводена од Аварел Хариман, славната сива еминенција на американските демократи.

Постојат многу приказни за Бајден на погребот на Кардељ, а на социјалните мрежи кружи и писмо напишано на официјалниот меморандум на Сенатот во кое тој му се заблагодарува на Јосип Броз Тито за гостопримството што го уживал како член на американската делегација за време на погребот на Кардељ.

Писмото на Бајден до Тито го објави српскиот историчар Миодраг Лазиќ, кој работи во Америка, со една друга интересна забелешка - четири месеци по погребот Бајден бил домаќин на делегација на Сојузот на комунистите на Југославија за време на нејзината посета во САД.

bajden
Фото: Twitter

Почитуван господине претседател,

Би сакал да ви се заблагодарам за вашето гостопримство за време на мојата неодамнешна посета во Југославија, како член на американската делегација на церемонијата по повод тажната смрт на Едвард Кардељ. Беше убаво од вас што ме примивте и јас навистина уживав во нашата размена на ставови.

Се надевам дека ќе можам повторно да ја посетам вашата убава и интересна земја, во посреќни околности  - напишал Бајден, во улога на американски сенатор.

Сепак, Бајден и Тито не се сретнале уште еднаш.

Извор: Tekdeeps.com | Srbin.info
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот