X
 11.12.2018 Образование

Албанските средношколци им се придружија на студентите на протестите, се најавува штрајк со глад

На масовните студентски протести во Тирана и повеќе градови низ Албанија денеска им се приклучија и средношколците.

Илјадници млади со албански, американски и знамиња на ЕУ и многубројни транспаренти во нивните раце ги преполнија улиците во Тирана. По минувањето на веќе познатата рута, тие се стационираа пред зградата на министерството за образование, гаѓајќи ја со јајца.

Владата и објектот на министерството и околните објекти ги обезбедуваат големи полициски сили, а денеска е ангажирана и специјалната единица „Шќипоњат“. Во споредба со изминатите денови, денеска видно е зголемен бројот на безбедносните сили иако студентските протести досега минаа без инциденти.

Студентите повторно го отфрлија апелот на премиерот Еди Рама да разговараат, доколку сакаат и во парламентот. Протестираат една недела и како што најавија, доколку денеска до 16 часот не им се исполнат барањата, ќе почнат штрајк со глад.

Меѓу барањата поставени од студентите е во управите на универзитетите да има нивен претставник, подобрување на условите во домовите за сместување, двојно намалување на тарифата за студирање, зголемување на буџетот за високо образование, проверка на потеклото на имотот на професорите.

Под притисок на студентите, претходно владата ја укина зголемената тарифа за плаќање изгубена година и за полагање заостанати испити.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование