X
 11.12.2018 Забава

Mонахињи зеле 500.000 долари од сметка со школарини и ги прокоцкале во Лас Вегас

Две монахињи што работеле во католичко училиште во Калифорнија признаа дека проневериле околу 500.000 долари, кои ги искористиле за коцкање во Лас Вегас.

Мери Креупер и Лана Чанг ги зеле парите од католичкото училиште „Сент Џејмс“ во градот Торанс, во близина на Лос Анџелес, за да ги потрошат во казина.

Калуѓерките, кои се најдобри пријателки, ги зеле парите од сметка со школарини и донации. Тие неодамна се пензионирале и изразиле жалење за своите постапки.

Мери Креупер била директорка на училиштето 29 години, додека Лана Чанг работела како наставничка околу 20 години. Се смета дека тие ги украле парите во период од најмалку една деценија и ги трошеле на патувања и коцкање.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава