X
 11.12.2020 Живот

Оптичка илузија со кругови што се вртат стана интернет-сензација

Оваа оптичка илузија што ќе ја видите во продолжение стана многу популарна меѓу интернет-корисниците. Првично споделена на „Твитер“, илузијата со кругови што ротираат се прошири на различни платформи на социјалните мрежи, предизвикувајќи силни реакции меѓу луѓето.



Идејата за илузијата е едноставна - додека ги следите стрелките, се чини дека круговите се движат во иста насока кон која се насочени стрелките. Исто така, се чини дека круговите се шират и се собираат, кога во реалноста станува збор за паметна илузија.

- Постојат многу тенки прстени во надворешноста и внатрешноста на големите прстени, со исти сини и жолти бои. Тие тенки прстени се манипулирани на начин што кога ќе се споредат со големите ротирачки прстени, го мамат мозокот да го тоа перципира како движење или промена на големината. Ова е навистина добра илузија. Стрелките се таму за да го надополнат ефектот или да го убедат гледачот дека прстените се движат/се менуваат во големина - објаснува еден интернет-корисник.

Постои начин да ги запрете круговите. Обидете се да трепкате со очите многу брзо додека го гледате видеото.

iluzija

Извор: Bored Panda
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот