X
 11.12.2021 Здравје

Брзата храна е полна со хемикалии што ги нарушуваат нивоата на хормоните

Знаеме дека брзата храна не е здрава, но ново истражување покажува дека многу алатки што се користат во рестораните за брза храна, но и храната што се служи имаат хемикалии кои ги нарушуваат нивоата на хормоните. Истражувањето било спроведено во САД.

Истражувачите откриле дека многу оброци во овие ресторани имаат хемикалии познати како фталати, кои најчесто се наоѓаат во пластиката. Овие хемикалии може да ги нарушат нивоата на хормоните кај луѓето и животните.

Претходни истражувања покажале дека децата изложени на големи количини вакви хемикалии често развиваат здравствени состојби како астма или дебелина, а тоа подоцна може да предизвика проблеми со плодноста.


Фото: Pixabay

Во рамките на новото истражување авторите анализирале 64 примероци од храна од ресторани за брза храна, како хамбургери, помфрит, пица, но и предмети што се користат во рестораните, како ракавици. Во над 80 отсто од храната имало штетни хемикалии. Истражувањето покажало дека пицата имала најниски нивоа од повеќето хемикалии што се тестирале.

Истражувачите веруваат дека брзата храна се загадува со штетните хемикалии при контактот со кутиите за пакување и ракавиците.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје