X
 12.01.2021 Живот

Светските трендови за здрав начин на живот се следат и во Македонија

Балансирањето помеѓу трендовите и потребите кога станува збор за новите навики на потрошувачите за здрав начин на живот се сериозен предизвик во денешно време. Потребата за здрава исхрана, активен начин на живот, внесувањето доволно витамини и други хранливи состојки се драматично изменети во последните години. Овие промени бараат соодветно приспособување на индустриите, особено на прехранбената индустрија, со цел усогласување на барањата на пазарот и на многубројните производни стандарди.

Бидејќи трендот стана потреба, а потребата создаде неопходност за производи на пазарот што се директно насочени кон зачувување и зајакнување на здравјето на потрошувачите, се наметнува прашањето колку нашите компании се подготвени за следење на трендовите и за каков тип промени? Изненадува фактот што не многу компании можат да одговорат на новите трендови. Како последен позитивен пример на компанија која ги следи трендовите и потребите на потрошувачите и ни привлече внимание е компанијата Вивакс, со новите цедени сокови – Вива 100% цеден сок од капина и јаболко и Вива 100% цеден сок од јаболко, во пакување од еден литар. Производите се целосно природни, создадени од овошја од македонско поднебје и се без додадени шеќери, вода и конзерванси. Овие производи се идеални за сите што имаат брз начин на живот, ги следат трендовите за консумирање здрави производи, немаат време за подготовка на здрав пијалак, но сакаат да им го понудат најдоброто на своите најблиски.

Од Вивакс објаснуваат дека оваа потреба за лансирање нови производи доаѓа како резултат на природно проширување на портфолиото на компанијата.

- Не станува збор за иновација, туку веќе за природен раст на компанијата во сегмент што е насочен кон новите потреби, навики и барањата на потрошувачите. Имаме македонски јаболко и капина, кои се одлични за производство на врвни цедени сокови. При развојот на производите се водевме од идејата овие сокови да бидат идентични како цедените сокови што ги подготвуваме дома, особено оние подготвени од нашите баби и мајки. Разликата е што ние имаме напредна технологија која ги задржува сите хранливи состојки на овошјата при нивна преработка и создавање на цедениот сок - објаснуваат од менаџерскиот тим на Вивакс.



Менаџерскиот тим на Вивакс додава дека контролата на квалитетот во секоја фаза од производството е од исклучителна важност за создавање врвни производи. Македонија сè уште е една од ретките земји каде што зеленчукот и овошјето имаат изворен квалитет и не се загадени со преголема употреба на препарати, а Вивакс е една од ретките компании што за развој и тестирање на своите производи има најсофистицирана хемиска и микробиолошка лабораторија, а за пакување на своите сокови користи внимателно избрана картонска амбалажа која е комплетно разградлива.

Здравите производи богати со хранливи состојки сè повеќе се неопходен императив во секојдневната исхрана. Здравата исхрана и производите без шеќери и конзерванси, од маргините на пазарот стануваат водечка категорија кај производите за широка потрошувачка. Оваа категорија станува и динамично развојна и компетитивна, но не секој производител може да ја следи.

Категоријата ја претставуваат потрошувачи кои сè повеќе се самосвесни за своето здравје и се физички активни, уште повеќе е дополнета од родителите кои се грижат за своето здравје и за здравјето на своите деца. Главна грижа на родителите е секако внесувањето витамини од страна на нивните деца и создавање силен имунолошки систем. Вработените што се постојано во трка со времето, изворот на енергија го бараат токму во храна и пијалаци богати со витамини и минерални. Затоа, радува фактот што кај потрошувачите се зголемува свеста за грижата за своето здравје, а со тоа и потребата од внесување здрави и проверени производи. Во условите во кои живееме, витаминската исхрана станува императив, а македонските компании како Вивакс, следејќи го брзорастечкиот тренд на здрав начин на исхрана, создаваат производи кои ги задоволуваат и најпребирливите потрошувачи.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот