X
 12.01.2023 Живот

Шведскиот град Вилхелмина организира натпревар во седење на мраз за награда од 3.000 евра

„Истолпстининг“ или седење на мраз е натпреварувачка активност во шведскиот град Вилхелмина.

Натпреварот се организира во февруари секоја година како дел од настанот „Зимски викенд“ во Вилхелмина.


Добро облечените натпреварувачи со помош на скали се искачуваат до ледениот трон, висок околу 2,5 метри, и седат на него 51 час за да победат. На секои неколку часа им е дозволено да се спуштат долу на 10-минутна пауза.

Не само што треба да ја издржат ниската температура, која може да се спушти до -20 степени во февруари, туку не им е дозволено да го поминуваат времето гледајќи во паметните телефони и слични електронски уреди.

Станува збор за физички и ментален предизвик. Најтешкиот дел од натпреварот е кога паѓа ноќта, а натпреварувачите се борат со сонот. Оние што сакаат да победат се трудат да не заспијат за случајно да не се лизнат од ледениот трон, па да бидат дисквалификувани од натпреварот.


Победник е оној што ќе остане на ледениот трон 51 час. Наградата е 3.145 евра.

Во моментов се бараат луѓе заинтересирани за овогодишниот натпревар, за кој можете да дознаете повеќе на официјалната веб-страница на Вилхелмина.

Извор: Punkufer.hr
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот