X
 12.02.2021 Здравје

Истражување од американското ЦДЦ ја потврдува ефективноста на носењето две маски

Веќе знаеме дека носењето маска помага во намалувањето на ризикот од заразување со коронавирусот, но американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) сега советува да се носат две маски за дополнителна заштита.

Според центарот, носењето памучна маска врз хируршка може значително да ја зголеми заштитата од заразување за лицето што ги носи маските и за оние околу него. Ова се покажува во ново истражување објавено од ЦДЦ.

Истражувањето покажува дека изложеноста на коронавирусот од страна на двајца соговорници може да се намали до 96,5% доколку секој носи по две маски. Затоа, ЦДЦ сега ги повикува жителите на САД да носат маски со два слоја или две маски.

- Бројот на новозаразени, хоспитализирани и на смртните случаи сè уште е висок, па затоа сега не е време да се откажеме од барањата за носење маски - изјавила Рошел П. Валенски, директорка на ЦДЦ.

Автор: Бред Берган
Извор: interestingengineering.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје