X
 12.02.2022 Живот

Ги сакала „Битлси“ и носела пиштол: Која била Катја Мајорова, најубавата руска агентка на КГБ?

Едно октомвриско утро во 1990 година, на насловната страница на „Комсомолска правда“ се појави фотографија од синоока жена со кафеава коса. Нејзиното име беше Катја Мајорова, или така ја претставија во прилогот. Млада и привлечна, но и опасна. Насловот гласеше: „Госпоѓица КГБ“. Но, која беше единствената жена на светот со титулата најубава агентка?

И покрај новововедената „јавна“ политика, која беше обид на Горбачов да ја направи советската влада потранспарентна, КГБ остана најмистериозната државна институција во СССР. Семоќната агенција имаше слика на строг, застрашувачки апарат на кој му е туѓа секаква непромисленост.

Затоа советските читатели беа изненадени кога прочитаа напис во весник во кој офицерка на КГБ беше претставена како млада, весела и привлечна жена. За мистериозната госпоѓица КГБ се заинтересираа и странски дописници.

Дејвид Ремник од „Вашингтон пост“ имал среќа да ја запознае госпоѓицата КГБ и да ја интервјуира накратко, се разбира, со дозвола.

1
Фото: RBTH

- На договорениот ден отидов во Лубјанка, каде што мојата пријателка Мајорова ми објасни дека натпреварот за убавина се одржува во затворен круг. Таа носеше џемпер од ангора. Ги сакаше „Битлси“. Работеше како секретарка, но имаше дозвола за малокалибарско оружје - вели Дејвид.

- Ни овозможуваат сеопфатна обука - му рекла таа.

Иако краткото интервју за „Вашингтон пост“ не ги откри сите тајни за мис КГБ, сепак, фрли малку светлина врз нејзината личност, како и на намерите зад овој пропаганден потег.

2
Фото: RBTH

- Претпоставувам дека мислат дека ќе бидам новото лице на КГБ - изјави Мајорова.

- Би сакала луѓето да знаат дека ние што работиме овде не сме чудовишта - додаде Мајорова.

Во интервјуто со неа, Ремник успеал да запознае некои карактеристики на нејзиниот карактер.

- Ја играше улогата на кралица на убавината. Се смешкаше додека одговараше на прашањата. Не беше во брак и велеше дека не мора нужно да излегува само со луѓе од КГБ - напиша новинарот.

Но, што е уште поважно, дознал и дека натпреварот за убавина на кој Мајорова била крунисана за мис КГБ се одржал во затворен круг и дека бројот на кандидати не можел да се утврди. Некои сметаат дека натпреварот не бил одржан, туку дека Владимир Крјучков, тогашниот шеф на КГБ, сакал да ја смени сликата на својата организација од грозоморен репресивен таен апарат во државна институција која служи за доброто на граѓаните.

3
Фото: RBTH

Без разлика дали натпреварот се одржал или не, оваа иницијатива не постигнала значителни резултати бидејќи КГБ престана да постои како институција и набрзо беше заменета со Федералната служба за безбедност (ФСБ) по распадот на Советскиот Сојуз.

Не е познато што се случи со мис КГБ по распадот на СССР. Таа едноставно исчезна од радарот на медиумите, брзо и лесно како што се појави на насловната страница на „Комсомоље јустис“.

Извор: b92.net
Фото: RBTH
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот