X
 12.03.2020 Живот

Од каде потекнува зборот карантин и што точно значи?

Карантинот претставува рестрикција на движењето на луѓето и стоките, а целта е превенција на ширење на болести или паразити. Во последните неколку недели постојано го слушаме овој збор поради ширењето на коронавирусот и мерките што се преземаат за негово запирање.

Но, дали некогаш сте се запрашале од каде потекнува овој збор? Иронично, но зборот карантин потекнува од Италија, која деновиве буквално е најголемиот карантин во Европа.

Поточно, зборот карантин потекнува од венециската дијалектна форма на италијанскиот израз „quaranta giorni“, што значи 40 дена. Тоа е поради 40-дневната изолација на бродовите и луѓето што се практикувала како мерка за превенција на болест, поврзана со чумата.

Во периодот меѓу 1348 и 1359 година црната смрт, една од најголемите пандемии во историјата на човештвото, резултирала со смрт на 30 отсто од населението во Европа и значителен процент на население во Азија. Таквата катастрофа ги принудила владите да воведат мерки на задржување за да се справат со епидемиите. Во документ од 1377 година се наведува дека пред да влезат во Дубровничката Република, новодојденците морале да поминат 30 дена во забранета област (обично блиски острови) и да се почека за да се види дали ќе се развијат симптоми на црната смрт.

Во 1448 година Сенатот на Венецијанската Република го пролонгирал периодот на чекање на 40 дена и така се родил терминот карантин. Овој 40-дневен карантин се докажал како ефективна формула за справување со епидемијата на чумата. Според процените, бубонската чума имала 37-дневен период од инфекција до смрт и затоа европскиот карантин би бил многу успешен во утврдувањето на здравствената состојба на луѓето од бродовите.

Карантинот бил применуван и за други болести пред и по уништувањето на чумата. Лепрозните биле изолирани на долг период од општеството и се правеле обиди за проверка на ширењето на сифилис во Северна Европа по 1492 година, доаѓањето на жолтата треска во Шпанија на почетокот на 19 век и пристигнувањето на азиската колера во 1831 година.

Венеција била предводник во преземањето мерки за проверка на ширењето на чумата и имала назначено тројца чувари на јавното здравје во првите години на црната смрт. Следниот рекорд за превентивни мерки доаѓа од Реџио/Модена во 1374 година. Венеција во 1403 година го основала првиот лазарет - станица за карантин за оние што патувале со бродови - на мал остров во близина на градот. Џенова во 1467 година го сторила истото и старата болница за лепрозни во Марсеј ја претворила во болница за заразени со чума. Големиот лазарет во Марсеј, можеби најкомплетниот од тој вид, бил основан во 1526 година. Практиката во сите медитерански лазарети не се разликувала од англиската процедура во трговијата со Северна Африка и Левант.

Извор: Wikipedia
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот