X
 12.03.2020 Живот

Земјата издиша

Коронавирусот како да ѝ даде оддишка на целата планета. Во Кина веќе со недели има изолација, а како што коронавирусот се шири во други земји, така и карантинот станува сè почест.

Така, една од најпознатите туристички дестинации во светот, Италија, деновиве е претворена во карантин, жителите не излегуваат од дома, се откажуваат летови, сè е на пауза.

Но, не е само Италија. Многу земји ја прекинаа наставата во образовните институции и властите им препорачуваат на жителите да останат дома за да може да се спречи ширењето на вирусот.

Нормално, има и такви што не се грижат за препораките. На пример, овие фотографии се направени во Португалија откако властите ги затворија факултетите поради коронавирусот.

Ви пренесуваме фотографии и снимки што луѓето од целиот свет ги споделуваат на социјалните мрежи, а на кои може да се видат градовите без вообичаените метежи.

Можеби најинтересниот опис е: На Земјата само ѝ требаше пауза.




Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот