X
 12.03.2023 Живот

Најскапите европски градови за патување за двајца - 1.150 евра за два дена

Истражувањето спроведено од тимот на „Џерси ајленд холидејс“ ги обедини 15. најскапи локации за патување за двајца.

Истражувањето ги опфати најскапите европски градови за романтично дводневно бегство. Најскап е Цуг во Швајцарија, со просечна цена од 1.150 евра. Највисоката цена за сместување е 355 евра, додека летовите во просек чинат 300 евра, а една вечер ќе ве чини 120 евра. На второ место е Цирих, исто така во Швајцарија, со просечна цена од 1.130 евра.

Ако сакате да одите на Исланд, тоа ќе ве чини 1.085 евра, додека Тромсо во Норвешка ќе ве чини 1.022 евра за само два дена. Ница во Франција чини 783, а Луксембург 670 евра, што е нешто подостапно, но сепак скапо за само два дена одмор.

Ова се топ 15. најскапи патувања во европските градови за двајца:

Цуг, Швајцарија
Цирих, Швајцарија
Рејкјавик, Исланд
Тромсо, Норвешка
Базел, Швајцарија
Копенхаген, Данска
Осло, Норвешка
Лозана, Швајцарија
Женева, Швајцарија
Ставангер, Норвешка
Даблин, Ирска
Сент Хелиер, Џерси
Ница, Франција
Архус, Данска
Луксембург, Луксембург

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот