X
 12.03.2023 Култура

Ова се најдобрите филмови на сите времиња според Мартин Скорсезе

Режисерот Мартин Скорсезе, познат по филмовите „Таксист“ и „Волкот од Волстрит“, за магазинот „Сајт енд саунд“ ги откри неговите омилени филмови.

Од 1952 година магазинот секоја деценија бара од различни филмски експерти да ги откријат нивните листи со најдобри филмови на сите времиња. Како дел од зимското издание 2022/2023 година, режисери како Скорсезе, Вес Андерсон, Бери Џенкинс и Ари Астер беа повикани да ги споделат омилените филмови.

На прво место Скорсезе го стави филмот „2001: Вселенска одисеја“. Еве ги и другите:

1. „2001: Вселенска одисеја“ (1968)
2. „8 ½“ (1963)
3. „Пепел и дијамант“ (1958)
4. „Граѓанинот Кејн“ (1941)
5. „Дневникот на селскиот свештеник“ (1951)
6. „Икиру“ (1952)
7. „Леопардот“ (1963)
8. „Ордет“ (1955)
9. „Паисан“ (1946)
10. „Црвените чевли“ (1948)
11. „Реката“ (1951)
12. „Салваторе“ (1962),
13. „Трагачи“ (1956)
14. „Угетску моногатари“ (1953)
15. „Вертиго“ (1958)

Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура