X
 12.04.2021 Живот

Пентагон ја потврди автентичноста на неодамна објавено видео од НЛО

На видео и фотографии што му биле анонимно испратени на режисерот Џереми Корбел може да се видат неидентификувани летечки објекти како летаат над брод на американската морнарица. Од Пентагон велат дека видеото и фотографиите се автентични.

- Можам да потврдам дека фотографиите и видеата биле снимени од страна на припадници на морнарицата - изјавила претставничката на американското министерство за одбрана, Сју Гоу, за „Фјучуризам“.



Краткото видео веројатно било снимено со специјална опрема за снимање во темница. Во него се гледаат објекти во облик на триаголник или пирамида како лебдат над бродот.

Во класифицирани документи било забележано дека објектите не се нешто што морнарицата или некоја друга армија го поседува и тие се движеле на неочекуван начин и немале аеродинамичен облик.



Корбел открил дека објектите биле снимени во јули 2019 г., а првично биле опишани како дронови што поминале покрај бродот во близина на брегот на Јужна Калифорнија. Видеото и повеќето фотографии што му биле испратени на Корбел биле чувани од страна на група која ги анализира контактите помеѓу американската армија и неидентификуваните летечки објекти, а истото било потврдено од страна на Гоу.

Инцидентот би можел да биде измама, оптичка илузија или да има друго објаснување. Според една хипотеза, видеото било снимено со телефон преку стакло за гледање во темница и на него се гледаат обични авиони кои изгледаат триаголно поради оптички ефект. Дополнително, леталата светкаат со брзина како онаа на авионите во лет.



Автор: Џон Кристан
Извор: futurism.com
Фото: Принтскрин/Twitter

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот