X
 12.04.2022 Живот

Списанието „Смитсонијан“ ги објави победниците на 19. натпревар за фотографии

Поглед на тоа како останавме поврзани за време на пандемијата ја однесе главната награда на 19. годишен фотонатпревар на списанието „Смитсонијан“. Синсе Ху ги победи другите 59 финалисти кои беа избрани од 47.000 пријавени фотографии. Покрај главната награда, победниците беа прогласени во шест категории, како и наградата од изборот на читателите.

Победничката фотографија на Ху е направена во Малезија за време на кинеската лунарна Нова година во 2021 година. Ху сакаше да покаже колку драматично се промени светот.

- Го натерав мојот сопруг да облече црвена кошула и кинеска традиционална капа за да го прикаже празничното расположение на лунарната Нова година, додека јас бев во полежерно расположение, како штотуку да се разбудив од кревет - споделува таа.

Беа објавени победници и во шест поединечни категории - природен свет, луѓе, патувања, американско искуство, изменети фотографии и мобилен телефон.

Над 13.000 гласа од публиката ѝ припаднаа на фотографијата на Шајна Стивенс, на која се наоѓаат нејзиниот сопруг и нивниот 2-годишен син.

ГАЛЕРИЈА


Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот