X
 12.05.2020 Живот

Луѓето што не ги следат мерките за социјално дистанцирање можеби се нарциси

Повеќето луѓе се трудат да ги следат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Но, сите знаеме барем еден човек што ги игнорира предупредувањата и не ги почитува мерките. Доколку имате ваков пријател или колега, големи се шансите тој да е нарцис, според психотерапевтот Шон Гровер.


Фото: Pixabay

Во објава на „Сајколоџи тудеј“, Гровер објаснува зошто нарцисоидните луѓе имаат тешкотии да ги следат насоките за социјално дистанцирање кои веќе станаа секојдневие за поголемиот дел од населението. Сите може да се заразиме со коронавирусот, но болеста може да биде поопасна за постарите лица, па затоа со социјалното дистанцирање и носењето соодветна заштита го заштитуваме и нашето и туѓото здравје.

- Размислувањето за заедницата е невозможно за нарцисите. Тие имаат семоќен став за себеси и сакаат да веруваат дека се исклучок од социјалните норми - пишува Гровер.

Поврзаноста меѓу нарцизмот и непочитувањето на мерките за социјално дистанцирање станала очигледна за Гровер додека тој бил во супермаркет. Додека се обидувал да остане оддалечен од другите купувачи, видел човек кој се туркал низ луѓето. Тој не носел заштитна маска и ракавици и не се обидел да ја одржи дистанцата од другите. Тој гласно зборувал на телефон за роденденска забава која ја организирал таа вечер во неговиот стан.


Фото: Pixabay

Како треба да се однесуваме со ваквите луѓе? Можеби би било залудно да им зборувате за одговорноста што ја имаат кон заедницата. Може да се обидете со споделување информации за бројот на млади луѓе што починале од коронавирус, но и тоа можеби нема да помогне. Веројатно е најдобро да се постават правила, односно да им се забрани доаѓањето на работа доколку не носат маска.

Доколку нарцисот се наоѓа во вашиот дом, правилата повторно може да бидат вашата единствена надеж. Освен тоа, можеби е корисно да се одбегнуваат такви личност бидејќи знаете дека не ги почитуваат мерките и се поизложени на вирусот.

Гровер вели дека нарцисите можеби се шармантни и забавни, но честопати тие сакаат да го имаат целото внимание во врската. Поминувањето време со нив може да биде емоционално заморно, а деновиве потребна ви е целата емоционална енергија што ја имате.

Автор: Минда Зетлин
Извор: inc.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот