X
 12.06.2019 Живот

Исланд по 11.пат е најбезбедна земја во светот. На кое место е Македонија?

Светот денес е најбезбеден во последниве пет години, но останува значително помалку сигурен во споредба со периодот од пред една деценија, се наведува во најновото истражување на австралискиот Институт за економија и мир.

Единаесетта година по ред Исланд е најбезбедна земја во светот, а на последното место на листата, исто како и лани, е Авганистан. Македонија е рангирана на 65-то место, а го дели со Грција. Меѓу првите 25 земји на листата дури 17 се од Европа.
Институтот секоја година објавува глобален индекс на мирот, врз основа на кој се рангирани земјите од „најбезбедна“ до „најнебезбедна“.


По 11. пат Исланд е најбезбедната држава на светот

Индексот се пресметува врз основа на 23 фактори, меѓу кои и внатрешни и надворешни конфликти, воени трошоци, тероризам, убиства и криминал.

Во Извештајот за Глобалниот индекс на мирот за 2019 година се посочува дека над 400 милиони луѓе живеат во реони во кои нивото на безбеден живот е ниско и каде има високи ризици поврзани со климатските промени. Најизложени на ризик од еколошките фактори и потенцијални конфликти се државите во регионот јужно од Сахара.

Во осумте најнебезбедни земји, каде ризиците поврзани со климата се најголеми, живеат околу 103 милиони луѓе.
Основачот на Институтот за економија и мир, Стив Килелеја оценува дека Индексот на мир покажува и позитивни и негативни тенденции поврзани со безбедноста. Тој посочува дека конфликтите што доминираа во изминатава деценија, како тие во Ирак и Сирија, сега почнуваат да се намалуваат, но истовремено избувнуваат нови во Јемен, Никарагва и Турција.


Ресорт Blue lagoon во Исланд

На листата се рангирани вкупно 163 земји, а првата „десетка“, покрај Исланд, ја сочинуваат и Нов Зеланд, Португалија, Австрија, Данска, Канада, Сингапур, Словенија, Јапонија и Чешка.
На дното на листата е Авганистан, а пред него се Сирија, Јужен Судан, Јемен, Ирак и Сомалија, рангирани од 163 до 158 место.

Од поголемите држави, Русија е на 154-то место, Турција на 152, Украина на 150, САД на 128, Кина на 110, Франција на 61, Велика Британија на 46, Италија на 39, а Германија на 22 место.
Од земјите од регионот најдобро пласирана е Романија на 25 место, Бугарија е на 26, Хрватска на 28, Србија на 50, Албанија на 51, Црна Гора на 67, Босна и Херцеговина на 81, а Косово на 86 место.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот