X
 12.06.2019 Технологија

Нов инструмент за мерење на аерозагадувањето ќе биде презентиран нa ФЕИТ

Презентација на Bluecloud - мобилен инструмент за мерење на параметри на аерозагадувањето (Pm₁₀, Pm₂.₅, CO₂, NO₂, SO₂, CO) утре од 12 до 14 часот ќе се одржи на Центарот за трансфер на технологии и иновации (ИНОФЕИТ) при Факултетот за електротехника и информациски технологии. Производот е плод на соработката на ИНОФЕИТ И компанијата „Информ“, развиен со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој. Инструментот ќе го презентираат преф. д-р Јосиф Ќосев од ФЕИТ и м-р Виолета Николова, директор за бизнис развој и стартап компании при „Информ“.

Потребата за ова ново техничко и иновативно решение произлегува од проблемите со аерозагадувањето во земјата. Зголеменото количество на PМ честички во воздухот, како и останати штетни гасови кои секојдневно ги вдишуваме во урбаните средини низ државата, создаваат огромна штета на генералното здравје на популацијата како и непоправлива економска штета за државата.

- За да се собори овој голем проблем, потребна беше иновација и соработка на повеќе нивоа. Оваа иновација ќе донесе можност за проширување на микролокации кои не се покриени со стационарните мерни станици, а со тоа се добива можност да се вршат мерења и преку наведувани летала - дронови, зголемено количество на информации со аналитика преку cloud сервис и модуларен пристап со што ќе го олесни начинот на одржување на уредот – велат одговорните.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија