X
 12.06.2020 Живот

164 новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1.045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на Kовид-19, соопшти Министерството за здравство. По градови: 


- Скопје 85
- Куманово 24
- Дебар 3
- Штип 5
- Прилеп 3
- Тетово 18
- Струга 5
- Охрид 9
- Гостивар 2
- Гевгелија 1
- Крива Паланка 1
- Кочани 1
- Македонски Брод 1
- Валандово 1
- Свети Николе 2
- Ресен 2

- Неготино 1

Починати се две лица од Скопје и Тетово. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Скопје (53 г.) хоспитализирана како сомнителна на Ковид-19 на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60 г.) хоспитализирана како сомнителна на Ковид-19 на 9 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во:

Скопје 3
Прилеп 6
Струга 1
Велес 1
Виница 1

Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања за Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот