X
 12.07.2019 Живот

Од почетокот на векот има четирипати повеќе стогодишници

Сè повеќе луѓе живеат подолго од сто години, објави германската канцеларија за статистика, наведувајќи дека бројот на 100-годишници достигнал рекордно ниво.

Во светот бројот на луѓето што навршиле 100 години оваа година се искачил на 533.000, што значи дека бројот од почетокот на векот е речиси четирипати поголем.

Во 2001 година во светот биле евидентирани 151.000 лица со навршени 100 години, проценија од Обединетите нации. Најстарото лице на светот моментално е 116-годишната Јапонка Кане Танака. Таа живее во дом за стари лица во јапонскиот град Фукуока.

Зголемувањето на бројот на луѓе што имаат 100 или повеќе години се одразува и на глобалното население - во 2000 година имало 25 лица со навршени 100 години на еден милион луѓе, додека оваа година тој број се зголемил на 69 стогодишници на милион луѓе.

Околу 80 отсто од 100-годишниците се жени.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот