X
 12.07.2019 Живот

Подарок за пчелите оставен на покривите на автобуските постојки

Во холандскиот град Утрехт покривите на 316 автобуски постојки се покриени со растенија како подарок за пчелите.

Оваа зелена површина не само што ја поддржува биолошката разновидност на градот, како пчелите и бумбарите, туку и помага во фаќањето на фината прашина и ја чува дождовницата.

За зелените површини се грижат работниците што возат електрични возила, а автобуските постојки се опремени со енергетски ефикасни ЛЕД-светла и клупи од бамбус. Тие се само една од низата мерки што Утрехт ги воведе во обид да го подобри квалитетот на воздухот.

pceli
Фото: Utrecht Township

Исто така, Утрехт создаде шема што им овозможува на жителите да аплицираат за финансирање што ќе им овозможи трансформирање на нивните покриви во зелени покриви.

Фото: Utrecht Township
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот