X
 12.08.2019 Живот

Астероид поголем од Кеопсовата пирамида се приближува кон Земјата

Потенцијално опасен астероид поголем од Кеопсовата пирамида ќе ѝ се доближи на планетата Земја кон крајот на август, соопштија стручни лица од НАСА.

Дијаметарот на астероидот „2019 ОУ1“ е 160 метри, за 20 метри поголем од оној на најпознатата египетска пирамида. На 28 август „2019 ОУ1“ ќе биде на растојание од околу еден милион километри.

Европската вселенска агенција неодамна го ажурира списокот со небесни тела кои претставуваат потенцијална опасност за Земјата. Од нив, годинава најблизу ќе мине астероидот „2006-ку-ве-89“, на 9 септември. Веројатноста за судир е 1:7000.

На листата со потенцијално опасни астероиди на прво место е астероидот „2010-РФ-12“, за кој се претпоставува дека во 2095 година ќе се приближи кон Земјата. Веројатноста од судир тука засега е 1:16.



Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот