X
 12.09.2019 Образование

Странските студенти ќе можат да останат во Велика Британија две години по дипломирањето

Според новите предлози на британскиот премиер Борис Џонсон, студентите од други земји што студираат во Велика Британија ќе можат да останат во земјата две години по дипломирањето и да си најдат работа. Џонсон истакна дека промените, кои треба да стапат во сила за оние што ќе се запишат на факултет следната година, би им помогнале на оние што студираат во Британија да си започнат кариера во земјата.

Мерките ќе се однесуваат на студентите што ќе ги започнат студиите во учебната 2020/2021 година.
Најавата се совпадна со почетокот на најголемиот генетички проект во светот - проектот за секвенцирање на геном вреден 200 милиони фунти, чија цел е трансформирање на генетичките истражувања.

- Британија има горда историја кога станува збор за сместување на земјата во срцето на меѓународната соработка и откритијата. Пред повеќе од 60 години во Кембриџ беше откриена ДНК од страна на тим меѓународни истражувачи, а денес ќе одиме уште подалеку. Сега носиме експерти од целиот свет за да работат во Велика Британија на најголемиот проект во светот кога станува збор за истражување на генетиката, кој треба да ни помогне подобро да ги лекуваме живото-загрозувачките болести и да спасуваме животи. Епохалните откритија од овој вид не би биле можни доколку не бевме отворени за најсветлото и најдоброто од светот да учи и работи во Велика Британија. Затоа откриваме нов пат за меѓународните студенти да го откријат нивниот потенцијал и да ги започнат нивните кариери во Британија - истакна Џонсон.

Според британската министерка за внатрешни работи Прити Пател, новата мерка ќе значи дека талентираните меѓународни студенти, без разлика дали станува збор за математика или технологија и инженеринг, ќе можат да учат во Обединетото Кралство и да добијат вредно работно искуство додека градат успешни кариери. Таа додаде дека мерката значи сигурност дека Британија ќе продолжи да ги привлекува најдобрите.

Алистaр Џарвис, извршен директор на универзитетите во Велика Британија, за најавата рече дека е многу позитивна вест.

- Доказите покажуваат дека странските студенти носат значителни позитивни социјални резултати за земјата, како и 26 милијарди фунти економски придонес, но предолго недостигот на можности за работа по дипломирањето нè ставаше на неконкурентна позиција во привлекувањето на тие студенти. Воведувањето на двегодишната работна виза по завршувањето на студиите е нешто за што универзитетите во Кралството долго се залагаа и ние ја поздравуваме оваа промена, која ќе нè врати каде што припаѓаме како дестинација број еден за учење - рече тој.

Сепак, според одредени службеници, ова е ретрограден чекор кој веројатно ќе доведе до тоа странските дипломци да остануваат и да работат во Британија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование