X
 12.10.2020 Живот

Проверете дали можете да го поминете тестот за астронаути

НАСА има програма за кандидати за астронаути од 1959 година. Во 2017 година вселенската агенција добила 18.300 апликации, а одбрала само 12 кандидати.

Дали мислите дека би можеле да бидете одбрани? Тоа може да го откриете со помош на еден тест за астронаути. Тоа не е официјален тест на НАСА, но прашањата се засновани на официјалните барања на агенцијата од кандидатите за астронаути.


Фото: Pixabay  

Тестот има 15 прашања што испитуваат шест критериуми: физичка подготвеност, просторна визуализација, знаење, образование, апстрактно расудување и карактерни особини.

Има едноставни прашања како оние за височина и возраст, но има и прашања за образованието, познавањето јазици и способноста за соочување со стрес. Има и задачи за решавање загатки и именување на планетите по редослед.

Тестот може да го пронајдете овде.

Автор: Гарин Пирнија
Извор: mentalfloss.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот