X
 12.11.2018 Култура

Најдобрите места за новогодишно патување според експертите

Дестинациите во продолжение претставуваат топ-избор за прослава на Нова година според туристичките експерти. Ако сакате да бидете дел од најдобрите новогодишни прослави или да бидете сведок на најубавите огномети, мора да се подготвите навреме.

1. Сиднеј



Главниот адут на новогодишната прослава во Сиднеј е спектакуларниот огномет од пристаништето на овој град. Сиднејската опера и мостот се совршена заднина од ова шоу. Бонус е тоа што на почетокот на јануари летото почнува во Сиднеј, па по набљудувањето на еден од најубавите огномети во светот, наредното утро можете да пливате и да се сончате на плажите.

2. Хонг Конг



Специфичниот хоризонт на Хонг Конг е доволна причина да ја посетите оваа дестинација, а кога на тоа ќе се додаде и новогодишниот огномет, не постои дилема. Огнометот го осветлува познатото пристаниште „Викторија“ и е наместен да „експлодира“ во ритамот на музиката што се слуша.

3. Бангкок




Најдобриот азиски град за ноќен живот, Бангкок, е логичен избор за љубителите на масовни забави и журки. Пандан на њујоршкиот Тајм сквер, Централ ворлд плаза е главно место за собирање на 31 декември. Уште едно вакво популарно место е шопинг-центарот „Азијатик“.

Сите што сакаат со забавата да продолжат и по полноќ можат да го направат тоа во познатиот клуб „Ред скај“ или во луксузниот ресторан „Сироко“.

4. Дубаи




„Бурџ Калифа“ е една од најимпресивните згради во светот - и тоа важи и за време на дочекот. Со 823 метри, го држи рекордот на највисока градба во светот. Секако, Нова година се дочекува со огномети токму од неа. Друг помирен избор е „Бурџ плаза“ - идеална за семеен дочек.

5. Москва




Познатиот московски „Црвен плоштад“ овозможува најстуден, но и најубав дочек на Новата година. Најлуксузниот начин за поминување на новогодишната ноќ во Москва е хотелот „Риц-Карлтон“, од чија тераса може да се види московскиот огномет.

6. Кејптаун




Ако барате место со необична и вкусна храна, а истовремено сте расположени за луда новогодишна журка - Кејптаун може да биде вашиот град од соништата. Исто така, ова е идеална дестинација за сите љубители на виното.

7. Лондон



Одразот на Лондон во реката Темза во текот на новогодишниот огномет е една од најубавите глетки во светот. Картите за прослава брзо се продаваат, но огнометот може да се види од повеќе места низ Лондон, а можно е и крстосувањето по реката на новогодишната ноќ.

8. Рио де Жанеиро



Ако ви се допаѓа идејата Новата година да ја дочекате со уште 2 милиона луѓе на плажа, Рио де Жанеиро има сѐ што ви треба. Главното собирање е на плажата Копакабана. Има богата музичка програма, вклучувајќи го и бразилскиот симфониски оркестар.

9. Њујорк




Во Америка прославата се одвива на Тајм сквер и таа претставува синоним за новогодишен дочек. Сигурно на телевизија сте гледале снимки од познатата њујоршка новогодишна топка. Ваквиот начин на дочек првпат почнал да се слави во 1907 година и оттогаш топката е задолжителен дел од програмата за дочекот.

10. Лас Вегас



Иако Лас Вегас блеска во текот на целата година, особено е среден токму за новогодишната ноќ. Главната улица е затворена за возила и претворена во пешачка зона. На полноќ, секое казино од центарот има свое шоу со огномет, а тука е и специјалната новогодишна програма што привлекува туристи од цел свет.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура