X
 12.11.2021 Живот

Германски градови собираат милиони евра само од казни за брзо возење

Градот Хамбург минатата година имал приходи од 17,1 милиони евра само од казни на возачи што возеле со брзина над пропишаната.

Вкупно десет града во Германија во 2020 година собрале милионски суми од вакви казни, покажува истражување на работна група за сообраќајно право на Германската адвокатска комора. Сепак, со 64 уреди за мерење на брзината, Хамбург води во поглед на сумата собрана од казни за прекумерна брзина.

Другите градови на листата се Гетинген, Ахен, Дортмунд, Манхајм, Карлсруе, Тибинген, Нирнберг, Дрезден и Цвикау.


Фото: Pixabay

Аналитичарите ги прашале 150. најголеми градови во Германија, но само 46 одговориле, а 16 не ги откриле податоците. Затоа, веројатно повеќе германски градови заработиле најмалку еден милион евра од камерите за контрола на брзината.

Предлог-буџетот на Келн за 2022 година покажува дека градот во 2019 г. заработил 17,6 милиони евра од вакви казни, а Лајпциг истата година собрал 11,6 милиони евра.

Речиси сите градови што учествувале во анализата изјавиле дека собрале многу поголеми суми од потребната за инсталација и одржување на камерите.

Извор: Fenix Magazin
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот