X
 12.11.2022 Култура

Дејвид Атенборо се враќа на „Нетфликс“, а најавени се и нови документарни серии

Обожавателите на документарните филмови на легендарниот Дејвид Атенборо имаат причина да се радуваат. Платформата „Нетфликс“ ја потврди втората сезона од „Наша планета“ (Our planet), која ја потпишува овој 96-годишен Британец.

Платформата нарачала дури шест нови документарни серии поврзани со нашата планета до 2025 година. Овој месец корисниците на „Нетфликс“ ќе може да ја гледаат серијата „Нашиот универзум“ (Our universe), чија премиера е закажана за 22 ноември. Наратор е Морган Фримен.



Актерот ќе го позајми гласот и за серијата „Живот на нашата планета“ (Life on our planet), која треба да стигне на „Нетфликс“ наредната година.

Во 2023 треба да стигне и втората сезона од „Нашата планета“ на Атенборо. За 2024 и 2025 се планирани сериите „Нашите океани“ (Our oceans), „Нашиот жив свет“ (Our living world) и „Нашиот воден свет“ (Our water world).


Извор: Green
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура