X
 12.11.2022 Живот

Оваа европска земја сака да биде првата што ќе ја „врати дивината“. Еве што значи тоа

Кога помислувате на Шкотска, што прво ви паѓа на памет? Мочуриштата, шумите, животните и ливадите со километри. Ова е место каде што можете да се поврзете со природата.

Уништувањето на шумите во Шкотска се одвивало во текот на стотици години, почнувајќи од 18 век кога дрвјата биле масовно сечени. Во почетокот на 19 век повеќе дрвја биле исечени за да се направи простор за земјоделството. До 50-тите, останал само околу 1 отсто од оригиналната Каледонска Шума која некогаш покривала поголем дел од Шкотска.

Што претставува акцијата за враќање на дивината?


Компаниите за зачувување на природата и екотуризмот работат на оживување на дивината во Шкотска токму преку враќање на дивината. Тие заземаат целосен екосистемски пристап кон природата. Напорите за враќање на дивината вклучуваат отстранување на инвазивните видови, пошумување и повторно воведување ендемични растенија и животни.

Долгорочните цели на шкотската Алијанса за враќање на дивината вклучуваат постигнување комплексен, саморегулирачки екосистем, со високо ниво на биолошка разновидност. Во 2021 година шкотската алијанса за враќање на дивината поднела петиција Шкотска да биде првата нација што ќе ја врати дивината. Ова би значело до 2030 година 30 отсто од јавното земјиште на Шкотска да се обврзе на напорите за враќање на дивината: повторно воведување на клучните видови: дабари, рисови и остриги и создавање крајбрежна зона каде што нема да бидат дозволени ископувања и ловење риба.

skotska
Фото: Freepik

Фокус на националниот парк Кернгормс

Националниот парк Кернгормс во шкотските висорамнини е најголем проект каде што се планира враќање на дивината во Обединетото Кралство. Комбинацијата од уништување на шумите, прекумерно пасење и климатски промени доведе до исчезнување на огромни шуми и многу животински видови. Бидејќи е дом на една четвртина од родната шума на Шкотска, Кернгормс е главен фокус на напорите за враќање на дивината.

Екотуризмот го поддржува враќањето на дивината

Бизнисите за екотуризам сега ја поддржуваат оваа иницијатива и сакаат да ја зголемат свеста за овие напори.

Компанијата за екотуризмот „Вилдернес Скотланд“ работи со „Трис оф лајф“, непрофитна организација посветена на реставрација на природата, па овозможува петдневно патување кое ќе ги однесе планинарите низ ридовите со живописни дрвја.

Шкотската Алијанса за враќање на дивината се фокусира на обновување на природата на поранешен имот за лов. Основачот Пол Листер овозможил 9.300 хектари од резерватот за пошумување и засадил над еден милион дрвја.

Извор: Travelawaits.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот