X
 12.12.2018 Технологија

„Самсунг“ веќе нема да произведува мобилни телефони во Кина

„Самсунг електроникс“ ќе ја прекине работата во својата фабрика за производство на мобилни телефони во Кина, изјави денеска портпаролката на компанијата.

Причина за тоа е намалувањето на продажбата и порастот на трошоците за работа во Кина во последните неколку години.

- Поради тоа, „Самсунг“ ги фокусира своите главни инвестиции во мобилни телефони во производствените погони во Виетнам и во Индија - соопштија од компанијата.

Освен фабриката во градот Тианин, во североисточниот дел на Кина, која ќе се затвори, „Самсунг“ има уште една кинеска фабрика за телефони во Хуижоу, во провинцијата Гуангдонг.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија