X
 13.01.2021 Живот

Овој јастреб е многу збунет затоа што патката не реагира на неговите закани

Животните можат да бидат неодоливи на многу начини: нивната мекост, нивната разиграност, нивната љубов кон нас, а меѓу многу други работи и нивната збунетост околу нештата.

Бидејќи животните имаат поинаков вид перцепција отколку луѓето, тие реагираат на различни начини од нас.

Така, на пример, овој јастреб беше многу збунет околу „патката“ што ја виде, која всушност не беше жива патка, туку украс за тревник. Јастребот помисли дека си најде вкусна вечера, но се збуни затоа што патката не реагираше никако на неговите закани. Така, тој почна да покажува јасни знаци на сомнеж и конфузија. Одеднаш оди до патката и ја напаѓа, и тоа го прави неколку пати. Сето тоа трае 2 минути, повремено движејќи се или напаѓајќи ја пластичната патка, па можете да забележите дека е целосно збунет затоа што патката не се движи и не реагира на никаков начин.

Откако ќе го изгуби трпението, одлучува да одлета сфаќајќи дека нема вкусен оброк, ниту пак многу „живот“ во оваа пластична патка.

Видеото е многу популарно и собра повеќе од 1,8 милион прегледи на „Јутјуб“.



Ова не е првпат јастреб да се збуни поради пластични украси на тревниците. Неодамна на „Фејсбук“ беше објавено видео од јастреб кој бил збунет од пластичен зајак.

Реакцијата е приближно иста: многу набљудување, кружење, повремени напади и збунетост кога зајакот не реагира онака како што би требало да реагира.


Извор: Bored Panda
Фото: Garybob/Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот