X
 13.01.2023 Живот

Хрват со месеци си го продолжувал боледувањето без да забележат на работа

Млад жител на Хрватска си го продолжувал боледувањето со месеци, а на работното место не знаеле за тоа.

Државното правобранителство во Вараждин, Хрватска, поднело обвинителен акт против хрватски државјанин за сторено кривично дело фалсификување исправа.

Обвинетиот има само 21 година, а е обвинет дека од јули до октомври 2022 година во четири наврати ја сменил содржината за привремена неспособност за работа поради болест за да го продолжи боледувањето. Оригиналното решение за боледување било издадено од неговиот лекар и требало да заврши на крајот од јули.

Обвинетиот го бришел датумот за времетраењето на боледувањето и запишувал нов датум, а потоа ги фалсификувал потписот и печатот на неговиот лекар. Така си го продолжил боледувањето до 23 декември 2022, пренесуваат хрватските медиуми.

Извор: Studentski
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот